Блог

Објектот Кисела Вода се наоѓа на ул.Вера Јоциќ ББ, во непосредна близина на средното економско-правно училиште Васил Антевски Дрен (поранешно Борис Кидрич) на 1.5Км од Собранието на РМ .

Објектот располага со 26 станбени единици поделени во 5 нивоа и тоа:

приземје, 1 кат, 2 кат, 3 кат и поткровје со различна станбена површина.


Градбата на објектот ќе биде со YTONG блокови, кои се изработени од природни материјали и обезбедуваат одлична термоизолација – за греење и ладење. YTONG се добива од природни суровини како што се: цемент, гипс, кварцен песок, вар, вода. Поради самиот состав на овие блокови, тие немаат негативни влијанија на човековата средина, ниту на луѓето кои што живеат во куќи и станови направени од овој материјал.

Конструкцијата на зградата ќе биде изведена со безгредовит систем со носиви АБ плочи и платна. ( во становите нема да има видливи греди и столбови )

Во и меѓу становите во нашиот објект нема да има гипс картон.

Предности на YTONG блоковите

  • Топлотна изолација – и без дополнителна топлотна изолација Вашиот дом ќе биде оптимално изолиран и на тој начин заштедувате енергија и средства
  • Природен состав – YTONG блоковите се составени од природни суровини: кварцен песок, цемент и гипс, па поради тоа се овозможува еколошко и здраво домување
  • Масивен, траен и отпорен на притисок – стабилно изградениот дом трајно ја задржува својата вредност.
  • Едноставна и брза градба
  • Микро клима – YTONG овозможува оптимален однос на температурата и влажноста во просторот, односно здрава клима во самиот простор
  • Звучна изолација
  • Заштита од пожар – благодарение на минералните суровини YTONG блоковите не горат.
  • Гарантира отпорност при земјотрес
  • Екологија

YTONG нуди комплетен систем на градење кој е ориентиран кон потребите на крајниот потрошувач. Од набавките на суровините па се до крајниот производ, строгите контроли на квалитетот го обезбедуваат највисокиот стандард за квалитет, а со тоа претставува гарант за високо квалитетна градба.

Овие ѕидни блокови се вбројуваат во еколошки здрав материјал кој овозможува одлична топлотна изолација, отпорност од пожар, дава оптимална звучна изолација. Милиони мали воздушни келии кои ги сочинуваат овие блокови им овозможуват на ѕидовите да дишат, при тоа нема кондензација на влага во просториите, а со самото тоа осигурува здрава и квалитетна микроклима.

Звучна изолација

YTONG е градежен материјал кој со својата структура ги пригушува звучните бранови и има за 9 дБ поголема звучна заштита од останатите градежни материјали со слична густина. Со цел да се постигне звучната заштита, конструкцијата мора да биде изградена на правилен начин. Тоа се постигнува со користење на ѕидните блокови кои со истакнатите делови и слотови се поврзуваат без никаков отвор и празен простор, кој е причина за звучни мостови. YTONG блоковите го спречуваат и задушуваат влезот на надворешните звуци.

Заштита од влага

Кога во просторијата има висока влага истата се акумулира во порите на YTONG материјалите. Со намалената влага во просторот, YTONG почнува акумулираната влага да ја емитува назад во атмосферата. На тој начин YTONG потполно природно ја регулура влажноста и прави пријатна и здрава клима во просторот за Вас и вашето семејство.
Ѕидовите градени со YTONG “дишат„ при што нема кондензација на влагата во просторот.
Објектите градени со YTONG имаат:
– Исклучителнa термоизолациja
– Дифузно отворена и парапропусна изолација
– Пријатна микроклима во просторот
– Спречува задржување на влагата

Заштита од пожар

Мерките за заштита од пожар се важна ставка при градење на еден објект.
YTONG блоковите кои ќе бидат користени при градба на објектот во Кисела Вода се отпорни на пожар поради нивниот состав кој е комбинација од негорливи минерални суровини.
YTONG ѕидовите даваат отпор на пожарот, при тоа давајќи сигурност на сите членови кои живеат во објектот.

Екологија

YTONG блоковите се произведени од природни суровини како: кварцен песок, гипс, креч, цемент и вода. Овие производи се во потполност еколошки и био разградливи.

Дрвото и каменот се најстарите градежни материјали кои луѓето ги употребувале од праисторија па се до ден денес. За градење на своите домови, луѓето користеле природни материјали и суровини кои во процесот на производство не ја менувале својата вредност.

Важно е да се нагласи дека токму YTONG како градежен материјал е благотворен и нештетлив, а објектите градени со овој материјал се здраво место за живеење.

Отпорност при земјотрес

Објектите градени со YTONG се најсигурни објекти благодарение на малата тежина и способноста на YTONG да превземе сеизмичка сила од сите смерови.


Заштеда на енергија во домот

Техника на прозорци

  • Висококвалитетен материјал RAU-FIPRO® кој го прави профилот енормно стабилен 
  • Длабочина на вградување: 86 mm
  • Број на комори: 6 комори
  • Топлинска изолација Uf до 0,61 W/m²K
  • Заштеда на енергија: до 76%*
  • Материјал: совршен спој на влакна на материјалот (РАУ ФИПРО) RAU-FIPRO, од висококвалитетен RAU-PVC за најдобар квалитет на површината на профилот
  • Звучна изолација до класа на заштита 5
  • Заштита од провала до класа на заштита 3, или до класа на заштита 2 без челик 
  • Спроводливост на воздух  4 (DIN EN 12207)
  • Отпорност на дожд 9A (DIN EN 12208)

Заштедата на енергијата во домот е една од клучните работи при изградбата на еден современ паметен дом.

Во SMART HOME објектот воведуваме современи, лесни за одржување и енергетско ефикасни прозорци кои ќе обезбедат целосна заштита од сончеви зраци, зачувување на внатрешната топлина и одбивање на надворешните звуци и бучава.

Во внатрешноста на прозорецот има добро обмислена архитектура.

Повеќе информации за прозорите и нивните предности на следниот линк:

REHAU

Во објектот е предвидено да има лифт.
Во становите ќе биде поставен високо квалитетен дабов паркет

Топлинска енергија

Снабдувањето со топлинската енергија во објектот ќе биде обезбедена преку централно градско греење ( БЕГ)

Енергетска ефикасност
Покрај градбата, градежните материјали и прозорците кои ќе бидат имплементирани во објектот во Кисела Вода кои гарантираат одлична звучна и топлотна изолација, од особено значење во поглед на енергетската ефикасност е инсталацијата за поврзување со соларни панели која ќе биде поставена во секој стан.
Со помош на соларните панели значително се влијае врз намалување на сметките за струја кои би биле поголеми доколку загревањето на водата во домот се врши преку бојлер. Благодарение на сонцето како одличен извор на енергија, становите ќе бидат снабдени со топла вода секојдневно, независно од годишното време.

SMART HOME

Најиновативното решение на Smart Home и IP Технологијата ќе биде имплементирано во секој стан кое вклучува 7″ мулти-функционален таблет за контрола на видеодомофонијата и Smart Home апликација што подразбира контрола на сите светла, цела струја, бојлер, клима, од самиот дом, или надвор од домот. Паметната видеодомофонија Ви овозможува увид на влезот и на вашите посетители, можност да разговарате со нив и да им отворите врата дури и кога сте надвор од домот.

Примената на IT современата технологија во домувањето овозможува да ја имате контролата на вашиот дом во свои раце.
Имено, станува збор за мобилна апликација со помош на која преку вашиот мобилен телефон ќе имате можност за регулирање и контрола на цела струја во домот: сите светла и електрични апарати.
Со помош на паметната мобилна апликација ја имате можноста да ја вклучите климата да го загрее или олади вашиот дом, да го вклучите бојлерот за да обезбеди топла вода додека патувате од работа кон дома, или пак кога се враќате од некое патување.

🅿

💲

Цената на становите за приземје е 1050Евра/м2 со вклучен ДДВ, додека за становите на 1, 2 и 3 кат е 1155 Евра/м2 со вклучен ДДВ и бесплатен паркинг околу објект, обележан со број на стан и ограден со сопствена рампа.

Локација Google Map : https://goo.gl/maps/dcMYNXBHBzMhLZzh9

Поважни објекти во околината на објектот:

  • Детска градинка Мимоза 800м
  • Детска градинка Сончоглед 700 м
  • Детска градинка Синоличка 400м
  • ОУ Партенија Зографски 600м
  • ОУ Невена Георгиева Дуња 500м
  • ОУ Кирил Пејчиновиќ 400м
  • Средно Економско-Правно училиште Васил Антевски Дрен 200м
  • Бензинска станица 400м
  • Комерцијална банка 250м
  • Стопанска банка 250м
  • Тутунска банка 700м
  • Тинекс маркет 500м
  • Веро маркет 450м
  • Рептил маркет 500м
  • Стокомак маркет 500м
  • КАМ маркет 500м
  • ДМ маркет 650м
  • Гет кафе 800м
Design a site like this with WordPress.com
Get started
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close