Идеи и трендови за внатрешно уредување

Доаѓањето на Новата година со себе носи нови трендови кога станува збор за внатрешното уредување.
Класичната сина боја е дефинитивно една од боите од широката палета кои ќе преовладувааат во оваа 2020 година.
Независно дали ќе се одлучите за нејзина примена во форма на елементи во кујна, бојадисан ѕид, софа или едноставно ситни детали, сината боја ќе му даде на Вашиот дом модерен изглед.
Пристигнувањето на новата 2020 година е на прагот, а со тоа и новите трендови во внатрешното уредување.
Новата година носи нови почетоци и е одлично време за инвестирање во нов дом.
Неутралните бои и материјали во класични и спокојни нијанси ќе продолжат да бидат во тренд и во следната година.
Првенствено тоа се нијансите на сива и беж боја

Бојата кадифе во 2020 година влегува во топ 15 трендови за внатрешно уредување.
Таа претставува одлична мешавина на луксуз и комфор, најчесто изразена во дизајнирање на софите за дневните соби.
Црната и белата боја претставуваат почеток и крај на палетата на бои. Постојат милион начини како овие две бои да ги инкорпорирате во ентериерот на вашиот нов дом.
Оваа безвременска комбинација на бои секогаш може да го најде своето место во домот, независно дали ќе биде изразена во форма на кујнски елементи, столчиња, софа, перници или ситни детали.
Црната боја повторно се враќа на сцената и тоа многу повеќе од порано. Независно дали станува збор за ормани, мијалници, бојадисани ѕидови, црната боја ќе биде во топ трендовите за 2020 година.
Трендовите за 2020 година дозволуваат мешање на различни метали во една просторија, без притоа да се грижите дали на дел од мебелот имате месинг, а на друг бакарни елементи.
Како и да ги комбинирате, нема да погрешите.
Мермерот е незибежен материјал кој ќе биде присутен и во 2020 година кога станува збор за внатрешното уредување.

Двособен стан

приземје: стан број 1 – 53,7м2; стан број 2 – 59,2м2 и стан број 3- 59,1м2

Еднособен стан

1 кат: стан број 5 – 57,5м2, стан број 6 – 57,4м2;

2 кат стан број 11- 58,0м2, стан број 12 – 57,8м2;

3 кат стан број 18 – 58,4м2

Двособен стан

2 кат стан број 14 – 73,8м2

3 кат стан број 20 – 73,8м2

Четирисобен стан со кровна тераса

поткровје 81,5м2 станбена површина и 57,2м2 кровна тераса

Design a site like this with WordPress.com
Get started
search previous next tag category expand menu location phone mail time cart zoom edit close